За спроведување на ветингот во судството ЕУ бара прво да се најдат начините тоа да се осмисли, па да се спроведе, гледајќи го искуството на Албанија каде беа испразнети повеќе од 200 места кои не можеа потоа да се попoлнат, изјави премиерот Зоран Зоран.
-Но, сега веќе Академијата продуцира 60 кандидати, веднаш на почетокот на 2020 ќе продолжат со нови 60 кандидати. Преговараме со ЕУ и сакаме да постигнеме т.н. „брза лента“ која ќе ни даде можност сите правници со над пет години работно искуство, алидирајќи пред се на стручните соработници во обвинителствата и во судовите, адвокати, но и други правници кои имаат веќе практично искуство да можат три до четири месеци да одат на тестирање, да го полагаат испитот и да можат да бидат идни јавни обвинители и судии. Секако, како земја кандидат за членство и тоа допрва ќе го преговараме со ЕУ – рече Заев.
Притоа, Заев нагласи дека во процесот на ветинг не може да учествуваат политичарите.