515
На крај сме на разговорите со коалициските партнери, а се надевам само денови се во прашање да го објавиме и министерот за здравство, изјави попладнево премиерот Зоран Заев.
-Но, и да ги пополниме другите испразнети места, заменик министер и министер без ресор и да ги комплетираме раководните структури на извршната власт, рече премиерот Заев, одговорајќи на новинарски прашања пред почетокот на неформалниот состанок на претставници на царински управи од Западен Балкан во Скопје.