509
Премиерот Зоран Заев треба да се појави како сведок на наредното рочиште за случајот „Таргет и Тврдина“, кое е закажано за 24 октомври.
Премиерот ќе треба да сведочи за своите сознанија за нелегалното прислушување во УБК, по барање на Обвинителството.
Денеска во судница сведочеше неговиот советник за безбедност, Зоран Верушевски.