Заев потврди, Ангеловска ќе биде нова министерка за финансии

by fokus

Нина Ангеловска, сопственичка на платформата Групер, ќе биде предложена за нова министерка за финансии, потврди вечерва премиерот Зоран Заев.

Нејзиното име ќе биде на листата кадровски решенија која тој утре ќе ја достави до Собранието. На списокот ќе биде и кандидатката за заменичка министерка за образование, Елизабета Наумовска која доаѓа на упразнетото место по оставката на Петар Атанасов.

За нов заменик министер за економија пак, ќе биде предложен Кирил Колемишевски.

Поврзани новости