Светска банка обезбеди 30 милиони евра да помогне во изведба на откупно – дистрибутивните и преработувачки центри низ државата со кои ќе ги максимaлизираме приносите и профитабилноста на земјоделците, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратенички прашања во Собранието.
Заев, во вториот дел од собраниската седница посветена на пратенички прашања, посочи дека Владата е фокусирана да обезбеди решенија за пласманот на земјоделските производи, што е едно од важните прашања за приходите на земјоделците.
– Втората работа што ја правиме во тој дел се посебните услови преку инвестиционите програми за земјиште. Веќе една фаза помина. Сега и Валандовско-богдански-
Посочи дека третата можност за финансирање изградба на преработувачки или дистрибутивни центри е преку ИПАРД програмата.
– Верувам дека со реален фокус и изградба на откупни пунктови и преработувачки капацитети и дистрибутивни центри дополнително ќе помогнеме земјоделието повторно да биде достоинствена гранка. Верувам многу во оваа политика и сум ја ветувал. Доаѓам од земјоделски регион и сегашниот министер, а верувам и еден од критериумите за поставување на идниот министер ќе биде неговата лична верба во оваа работа, затоа што верувам дека како политика и политичари ќе бидеме успешни ако навистина решиме колку што може повеќе проблеми во земјоделието поврзани со пласманот, изјави Заев.
Нагласи дека ваквите постапки ќе почнат ова лето и веќе на локациите доделни во права фаза ќе почне да се градат центрите.