На овој важен ден сакам да им честитам на граѓаните на Република Северна Македонија. После 17 години конечно имаме голем исчекор – почнуваме преговори со ЕУ. Особено сакам да му честитам на македонскиот народ – влегуваме во ЕУ како Македонци, со заштитен македонски идентитет и многу важно, со нашиот македонски јазик, објави вечерва на Фејсбук, поранешниот премиер Зоран Заев.
-Благодарност испраќам до сите македонски пратеници, политичари и граѓани и во Северна Македонија и во Бугарија, кои се издигнаа над поделбите и го поддржаа ова решение за кое сум убеден дека овозможува обнова на пријателството и
Заев изрази благодарност и до припадниците на сите етнички заедници „во нашата татковина кои повторно застанаа рамо до рамо со братскиот македонски народ”.
„Сакам да ги охрабрам граѓаните да продолжиме по овој пат. Има уште многу работа, но конечно се придвижуваме и отвораме нови европски процеси. Ги разбирам оние граѓани кои се лути и загрижени од економските и безбедносните состојби – стабилноста, инфлацијата, растечките цени”, вели Заев.