Заев: Портите од владата да се отворени секој ден

by Fokus

Премиерот Зоран Заев најави дека на владина седница ќе стане збор и за оградата околу зградата на владата, за која е најавено дека ќе се отстрани, но ќе мора претходно да се рзгледа Законот за јавни набавки.

Оваа ограда беше поставена во септември 2015 од скопската градежна компанија „Бауер БГ“ и чини 700 илјади евра.

Целта е околу владината зграда да се отвори просторот кој ќе биде слободен за движење на граѓаните, а премиерот веќе побарал портите да бидат постојано отворени сè додека не се отстрани оградата.

Поврзани новости