Полицијата никогаш повеќе не сме да се злоупотребува во политички цели заради оддржување на поединци на власт, рече премиерот Зоран Заев на градскиот стадион во Штип, каде присуствуваше во рамки на одбележувањето на 7 Мај- Денот на македонската полиција.
-После сите премрежја и предизвици со кои се соочија службите во Министерството за внатрешни работи, денеска можам слободно да кажам дека успеавме да ја вратиме основната функција на оваа служба – да биде најцврстиот столб кој ја гарантира државноста, јадро на сигурноста и безбедноста на Република Македонија и во исто време пријател и заштитник на граѓаните – рече Заев.
Тој ги повика полициските службеници да продолжат да ја вршат својата одговорна работа согласно Законите и Уставот на земјата.
-Вие сте првоповиканите, првите кои сте изложени на ризик кога треба да се брани државата и безбедноста на граѓаните. И да знаете, вашата одговорност е препознаена и признаена, тоа граѓаните го ценат и почитуваат! Вашите заслуги имаат одлучувачка улога за сегашноста и иднината на многу генерации – истакна премиерот.