Премиерот на Македонија, Зоран Заев денеска го означи почетокот на кампањата за референдумот. Тој испрати орхабрувачки зборови кон присутните и целокупната јавност во Македонија, за еден месец да излезат и да гласа позитивно на референдумот.
„Денес е важе н ден за иднината на Македонија. Стоиме пред историски настан. Заедно сме здружени околу 100 субјекти и од овој момнет го одбројуваме денот кога народот ќе излезе за европска Македонија. Постои една директна линија од 8-ми септември 1991 година и 30 септември, 2018 година. Ја обезбедуваме иднината на нашата земја, со потврден македонски јазик, химна и знаме. Иднината на нашите деца е поважна од сите политички партии заедно. Треба да ја прифатиме оваа шанса за промена и заедно да тргнеме кон нашиот марш кон ЕУ и НАТО“, истакна Заев.
Исто така, премиерот верува дека и ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи референдумот, а како што рече, политичките битки ќе си останат.
„Ги повикувам сите да се приклучлат на тој пат. Убеден сум дека и ВМРО-ДПМНЕ има силни причини да се приклучи на референдумот. Ги повикувам да се приклучат и да покажат дека ЕУ и НАТО се над дневната политика. Започнуваме кампања за придобивките од интеграциите во ЕУ и НАТО, ќе обајасниме дека Договорот со Грција е договор за македонската иднина. Во време на несигурност, ја ставаме Македонија заедно со најсилни земји во светот“, рече Заев пред присутните.пО