Заев поканил неколку светски лидери во Македонија, но се уште не добил потврда

by fokus

Премиерот, Зоран Заев, изјави денеска дека упатил покани до неколку светски лидери, вклучувајќи ја и германската канцеларка, Ангела Меркел, да ја посетат Македонија пред одржување на референдумот, но дека се уште не добил потврда.

-Ако некој доаѓа ќе доаѓа за поддршка,. Испратив покани, ја искористив можноста и на лондонскиот самит да поканам светски лидери да ја посетат Македонија, но немам потврда. Не можам да кажам дали ќе дојдат, се надевам ќе најдат време во своите агенди да дојдат и да ги охрабрат граѓаните – рече тој.

Поврзани новости