432
Да се формира преодна влада која ќе организира фер и демократски избори, побара лидерот на СДСМ Зоран Заев од Универзалната сала.
– Оваа владата треба да ја одвои партијата од државата. Во нејзин состав да не учествуваат лица за кои има сомнежи дека учествувале во незаконски и криминални дејства. Парелелно да се одвива јавна и транспарентна истрага за истражување на скандалот со прислушувањето, со вклученост на меѓународната заедница. Македонија уставно да заздрави и да ја изградиме како европска држава – рече Заев.
Тој му порача на премиерот Никола Груевски да не помисли да спроведе црно сценарио за дестаблизација на државата.