596
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска во обраќање до граѓаните најави дека ќе побара организирање брзи предвремени парламентарни избори.
– Токму ова ќе биде мојот предлог на утрешната средба кај претседателот Стево Пендаровски. Организирање брзи предвремени избори најбрзо што може, избори на кои граѓаните ќе кажат по кој пат ќе одиме понатаму, изјави Заев.
Ваквата одлука следи по вчера спроведените интензивни консултации на различни нивоа во врска со заклучоците донесени на Европскиот совет со кои се одложи носењето решение за почеток на преговорите за членство на Македонија со Европската Унија.