Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска од Струга повика на обединување на сите етнички заедници во градот и граѓаните да му го дадат гласот на нивниот кандидат Димче Шипинкаровски.
„Тоа што било добро и тоа што било подобро, може да биде само најдобро. Тоа што не чинело, може да биде само најлошо“, рече Заев.
„Сето ова го зборувам од името на авангардните чекори коишто заедно сите ние, нашиот народ, ги презедовме последните четири години. Решивме историски прашања. Ќе ве потсетам овде има и повозрасни од мене, но има и помлади. Се сеќаваат сите. 30 години славиме независност, 30 години на сите избори, НАТО – ЕУ, ЕУ – НАТО. И успеавме, сите пред нас не успеа. Денеска го имаме најголемото богатство, сите дома сме обединети, во едно општество за сите. Каде што секој граѓанин е еднаков и со своите права и со своите обврски. И тоа треба да продолжиме да го негуваме“, рече Заев.
Кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата, Димче Шипинкаровски, порача дека неговата желба е да ја види Општина Струга уште поубава.