Заев по средбата со Нинова: Се согласивме дека преговорите за С Македонија треба да почнат час поскоро

by fokus

Премиерот Зоран Заев, во рамките на агендата на денешната работна посета на Република Бугарија се сретна и со претседателката на Бугарската социјалистичка партија (БСП) Корнелија Нинова.

-Со претседателката на БСП, Корнелија Нинова имаме иста главна цел – Народите да ни бидат блиски и заедно во ЕУ. На денешната средба во Софија се согласивме дека преговорите на Северна Македонија со Европската Унија мора да почнат час поскоро и дека секоја поддршка во оваа насока е од исклучителна важност.
Северна Македонија и Бугарија имаат и желба и капацитети за европско лидерство во однос на изнаоѓање заедничко прифатливо решение за отворените прашања. За тоа од огромна помош можат да бидат и заедничките вредности на БСП и СДСМ како сестрински партии, напиша премиерот Заев на фејсбук.

И покрај оптимизмот на премиерот Заев, Нинова денеска истакна дека нивната позиција останува непроменета, односно дека во моментов нема услови Бугарија да се согласи С Македонија да ги почне преговорите за членство во ЕУ.

Поврзани новости