Премиерот Зоран Заев заедно со новиот владин состав денеска беа на прием кај претседателот Стево Пендаровски. Заев вети дека нивни приоритети во следниот мандат ќе бидат исполнување на стратешките цели на државата, успешно и ефикасно справување со светската пандемија со Ковид -19, подинамичен економски раст, силни институции, владеење на правото и модерно образование.
-Имаме силни агрументи да го убедиме претседателот Стево Пендаровски дека не обединува искрена определба и политичка волја за засилено исполнување на страшетките цели на нашата земја, успешно и ефикансно справување со светската пандемија, нова енергија и решителност во создавање подинамичен економски раст и силни институции со ред, правда и ефикансност, правна држава и владеење на правото, модерно образование, активно членство во НАТО, силна волја за успешен почеток и завршница на преговорите по поглавја за членство во ЕУ, добри меѓуетнички и меѓусоседски соработки, рече Заев.
Тој најави структурни реформи во јавната администрација за таа да стане уште поефикасна.
-Реформата во институциите почнува толкму со составот на оваа Влада. Таа ќе има седум министри помалку за уште поефикасна работа во интерес на граѓаните. Доаѓа време на ред, правда и дисциплина. Време на прочистување на правосудството и неселективно владеење на правото, комплетен ветинг на функционерите, изјави премиерот.
Во следните четири години, како што рече, планот е да се отворат 80 отсто од преговарачките процеси, а во следните шест години целосно да биде завршен овој процес.