Премиерот Зоран Заев по денешната лидерска средба истакна дека ќе продолжат со разговорите и се очекува нова средба да имаат во недела вечер или понеделник сабајле.
„Стратешка цел на Република Македонија е полноправно членство во ЕУ и НАТО, компромис за стратешките цели нема. Амнестија директна или индиректна нема. Ќе им дадеме шанса на разговорите доколку тоа е можно, рече Заев, по четиричасовната средба во Клубот на пратениците на која присуствуваа и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ , ДУИ и БЕСА, Христијан Мицкоски, Али Ахмети и Билал Касами.
Тој потенцира оти очекува од разговорите да произлезе договор и за формирање и имплементација на ДИК. Потенцира оти има прашања за кои елесно да се постигне договор, но и такви за кои процесот е потежок.
Заев напомена оти целта е да се спроведе успешен рефенреднум бидејќу целокупниот процес е временски одреден со оглед на тоа што од успешниот референдум зависат натамошните уставни измени кои пак се предуслов Грција да го ратификува договорт за името во својот Парламент.