505
Можноста да разговараме со потпретседателот на САД, Мајк Пенс [Vice President Mike Pence], доаѓа во клучен историски момент за Република Македонија. Од потпретседателот Пенс добивме пораки на охрабрување за одговорноста и одлучноста при постигнувањето на договорот од Преспа, истакна премиерот Заев, и објави фотографии од средбата со Пенс на фејсбук.
-На средбата беше истакнато дека со Договорот го обезбедуваме заслуженото место во евроатлантските структури. Со тоа го осигуруваме мирот, стабилноста и просперитетот за нашите граѓани, напиша Заев.