Заев: Пендаровски ќе му ја пренесе вистината на Макрон

by Fokus

Премиерот Зоран Заев, ја потврди средбата помеѓу Емануел Макрон и Стево Пендаровски и рече дека тоа е можност шефот на државата да му ја пренесе вистината за успесите на земјата на францускиот претседател.

– Ќе бараме од францускиот претседател уште еднаш да размисли. Франција е голем пријател на нашата земја. Ние сакаме да продолжиме по вистинскиот пат – по патот на реформите, на трансформацијата на општеството. Со средбата со Пендаровски на овој начин францускиот претседател ќе има можност да дознае повеќе за нас, рече Заев на промоцијата на „Граматиката на современиот ромски јазик“ во Клубот на пратеници.

Претседателот Пендаровски идната недела ќе се сретне со неговиот француски колега  Макрон, и ќе има можност директно од шефот на француската држава да ги слушне ставовите на Франција за проширувањето и за новата методологија на преговарање. Средбата меѓу Пендаровски и Макрон, како што потврдија од Кабинетот на претседателот, ќе се одржи на 12 ноември, кога Пендаровски ќе учествува на Парискиот мировен форум.

 

Поврзани новости