Заев: Парламентарното мнозинство може само да расте

by fokus

Премиерот Зоран Заев попладнево одговарајќи на новинарски прашања му одговори и на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој најави дека  работи на обезбедување мнозинство во парламентот за да се распушти Собранието и да се оди на предвремени избори.

Според Заев, мнозинството може само да расте, а не и да паѓа.

-Јас одговорно тврдам дека парламентарното мнозинство може да расте, а не да паѓа. Ќе се обидам да објаснам на наједноставен начин. Политиките што ги води СДСМ и тие на ВМРО-ДПМНЕ се основата дали ќе има миграции од лево кон десно или обратно. Нека ценат сите експерти дали има реална основа да ја зголемиме бројка на пратеници на сето ова што го зборуваме: проекти; европска интеграција; НАТО и големите операции што ги организираме рамо до рамо со САД, Грција и Бугарија; држењето на стабилно мултиетничко општество со јасни економски перспективи… Сето друго е ризикот што треба да го прифатиме. Мојот прв опонент Христијан Мицкоски не употребува ни ‘С’ од ’Северна‘. Може да замислите што ќе биде во државата? И зошто да одиме на предвремени парламентарни избори? Зарем не е потребно да дадеме еден мандат од 4 години конечно и власта да покаже што може, но и да дадеме граѓаните да ги почувствуваат економските бенефити, рече Заев.

Поврзани новости