Претседателот на СДСМ Зоран Заев, во интервју за Алсат телевизија истакна дека државата не може да оди напред со Мицкоски и Села, кои заглавени во својата националистичка преокупација како филозофија, како политичко определба, не можат да кажат дека со нив едно мултиетничко општество ќе оди напред.
Во врска со најавите на Мицкоски во повеќе наврати, а пред сите избори посебно за некакво парламентарно мнозинство, Заев нагласи дека за тоа нема природни политички основи како и да се свртат бројките.
-Мнозинството во Парламентот е стабилно, тоа го поажа и гласањето за доверба на Владата и тоа може да расте, заради тоа што има пратеници со коишто се разговара, секогаш тоа го правиме на еден природен и едноставен начин во делот на филозофијата, проектите, уверувањата за иднината на државата и одењето напред и очекувам дека парламентарното мнозинство по локалните избори ќе порасне, слушајте ми го зборот, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев во интервју за Алсат телевизија.