Премиерот, Зоран Заев, изјави дека според негово сознание пратеникот на ГРОМ, Панчо Минов, ќе гласа за уставните измени, но не знаеше да одговори на новинарско прашање дали за амандманите ќе гласа и пратеничката Елизабета Канческа-Милевска.
-Пратеникот Панчо Минов ќе гласа, тој работеше на амaндманите и е вграден во амандманите. Но не можам да кажам дали ќе има 80 гласа – рече Заев.
На прашање дали е точно според непотврдени информации дека пратеничката Елизабета Канческа Милевска нема да гласа за уставните амандмани, тој рече:
-Не знам за ниту еден пратеник. Канческа Милевска е координатор и длабоко е влезена во процесот за се. Одлуката ќе ја носи лично таа, не можам да кажам дали ќе бидат 80, 79 или 82 пратеници, но верувам во самиот процес и останувам оптимист – одговори премиерот.