По повод празникот Курбан Бајрам, претседателот Зоран Заев во свое лично име и во име на СДСМ упати честитка до сите верници од исламска вероисповед.
-Почитувани граѓани, на сите припадници на исламската верска заедница им го честитам празникот Курбан Бајрам, со срдечни желби денот да го минат во добро расположение со своите најблиски и секако со почитување на мерките за заштита од коронавирусот.
Овој празник е празник преку кој се шири добрината, и е потсетник дека токму солидарноста, еднаквоста, меѓусебното помаѓање и почитување се вредностите околу кои сите треба да бидеме обединети.
Само на овој начин, ако вистински се почитуваме и помагаме, ако бидеме солидарни едни кон други, ќе успееме да изградиме еднакво и праведно општество на почитувани и задоволни индивидуи.
Нека вредностите и духовноста што овој празник ги носи со себе нѐ водат на патот на подобра и посветла иднина за сите, стои во честитката на претседателот Заев.