598
Премиерот Зоран Заев на денешната заедничка прес-конференција со американскиот државен секретар, Мајкл Помпео, порача дека нашата земја е уникат во регионот, додавајќи дека во Македонија може да се живее добро.
„Северна Македонија е уникатна земја во регионот. Договорите со Грција и Бугарија беа историски. За десетина дена ја очекуваме веста – отворање на преговорите за членство во НАТО. Тоа ќе ги охрабри другите земји да покажат политичка храброст. Северна Македонија се менува кон подобро. Овде може да се живее добро, само ако младите се ангажираат тука. Оваа посета и охрабрување од САД е од огромно значење за нас“, порача Заев.