834
Премиерот Зоран Заев преку социјалните мрежи упати апел до граѓаните да не се собираат за време на семејните прослави и имендени овој период.
Состојбата со корона вирусот во Северна Македонија е излезена од контрола, а Заев смета дека не треба да има групирања во наредните месеци.
„Со приближувањето на зимските празници, апелирам да нема собирања по домовите. Да останеме скромни, воздржани и одговорни за време на славите и имендените оваа година. Тие ќе бидат тука и идната година, и тогаш, здрави и живи, ќе си честитаме и ќе прославиме согласно традицијата. Оваа година да си посакаме здравје и живот, и „за многу години славата и вечно име“ преку телефон, со порака, со видео повик. Ништо нема да ја намали искрената желба што на тој начин ќе им ја упатиме на славениците и на домаќините за нивните домашни слави“, напиша Заев на социјалните мрежи.