Заев: Ова е доказ дека новата Влада работи за интересите на граѓаните и на работниците

by Fokus

Поранешниот премиер Зоран Заев на социјалните мрежи се огласи за постигнатиот договор помеѓу Владата, синдикатите и работодавците за покачувањето на минималната плата, порачувајќи дека ова е доказ оти новата Владата е правична и одговорна.

„Минимална плата 18 000 денари. Ова е доказ дека новата Влада е правична и одговорна, работи за интересите на граѓаните, за интересите на работниците. Сега заедно, и работниците и работодавците (приватен и јавен сектор) да си земат обврска да ја подигнат продуктивноста. Мораме сите повеќе да работиме ако сакаме повисоки примања и повисок економски стандард. Честитки до Владата и премиерот. Ова е важна и значајна одлука. Голема работа, напиша Заев на Фејсбук.

 

Ова е втор пат експремиерот Заев да се огласи јавно преку социјалните мрежи откако на 17 јануари ја предаде премиерската функција на Димитар Ковачевски. Претходно, тој имаше уште една објава во која ја промовираше планината Беласица.

Договорот за минималната плата беше постигнат по неколку состаноци на Економско-социјалниот совет составен од претставници на Владата, синдикатите и работодавците. Минималец од 18 000 денари ќе почне да се исплаќа со мартовската плата.

 

Поврзани новости