Премиерот Зоран Заев во интервју за „Коха“ отворено зборуваше против првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Мухамед Сејдини. Според него, сите федерации го почитуваат законот за спорт, освен Фудбалската федерација на нашата држава.
„ФФМ е заробена како што ни беше државата заробена на нетранспарентен и строго контролирачки начин преку огромните милиони со кои што располага ФФМ буквално се менаџираат и купуваат делегати мислам дека не е слободно, зошто?. Сите федерации во државата го почитуваат законот за спорт само ФФМ не го почитува. Во законот за спорт кажува дека делегати во Собранието даваат прво членките на таа федерација, клубовите, не може Шкендија да нема делегат, не може Беласица да нема делегат или Пандев да нема делегати или не знам Шкупи“, вели Заев.