Заев остави можност дека може да се предомисли за разрешувањето на Пауновски

by fokus

Премиерот Зоран Заев денеска потврди дека утре на седницата на Владата една точка ќе биде и за разрешување на директорот на ДПИ, Стојко Пауновски, кое го најави тој минатата недела поради „пркос со надлежните кој не е дозволен“, а во врска со вработувањето на лица по „рамковен“.

-Директорот Пауновски е информиран со дописи за систематизацијата. Во меѓувреме не побарал да разговара со нас. Последното негово писмо до мене или до вицепремиерот Груби е во јануари. При изготвување на планот за прераспределба на лицата е земено во предвид и образованието. Од увидот во образовниот профил, утврдено е дека 24 вработени кои треба да бидат преземени, ги исполнуваат условите. Ова значи дека овие лица може да бидат преземени како административни службеници. Директорот Пауновски беше писмено известен во врска со оправданоста и начинот на распределбата, со тоа што тој не го прилагодил актот, што е дел на обврска.

Со процесот на распределбата се решава децениски проблем. А преземањето на вработните нема импликации за буџетот, затоа што станува збор за лица кои земаат плата, а не одат на работа. Станува збор за законска обрска, за закон кој е донесен во декември 2020 година. Ова е овврска за сите, што се дел од институциите, особено за носителите на одговорните функции“, рече Заев.

Но, премиерот сепак не ја отфрли можноста да се предомисли за разрешувањето на Пауновски, иако како што рече денеска е на истиот став. Сепак дополни дека утре ќе има и средба со инспекторите кои застанаа во одбрана на директорот Пауновски, по што ќе донесе конечен став.

-Ќе ги разгледаме сите аспекти. Многу пати сум знаел да се коригирам, и да учам кога да бидам или не толерантен. Ја давам секоја можност да ги чуеме сите да кажат што имаат, па потоа да ја донесеме одлуката. Секако дека постои отворена можност да се предомислам, затоа и закажав состанок со инспекторите да чујам што имаат да кажат. Чуму сум закажал состанок ако нема шанса да го променам ставот кој веќе го кажав, истакна Заев.

Поврзани новости