Заев: Основни цели на Буџетот за 2022 година се економско заздравување и забрзан раст

by fokus

Во Предлог-буџетот за 2022 година финансиски се пресликани приоритетите на кои Владата посветено ќе работи во текот на следната година, објави премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук профил.

Основни цели на Буџетот за 2022 година, наведува, се економско заздравување и забрзан раст, фискална одржливост, зачувување на здравјето и животите на граѓаните, како и поддршка на институционалните реформи и европските интеграции.

– Преку Буџетот се обезбедува навремена исплата на плати, пензии, социјални надоместоци, субвенции, како и реализација на капиталните инвестиции, коишто за 2022 година се планирани на историски највисоко ниво од 37,8 милијарди денари и се повисоки од буџетскиот дефицит, напиша Заев.

Одлика на овој Буџет, истакнува Заев, е дека парите на граѓаните ќе се искористат таму каде што даваат најголеми ефекти во остварување на целите за повисок квалитет на животот.

– Затоа значајно е Буџетот за 2022 година да се донесе во законски предвидениот рок, со цел непречено финансирање на функциите на државата, пишува на ФБ премиерот Заев.

Поврзани новости