Заев: Околу 115.000 граѓани ќе добијат ваучери за домашен туризам

by fokus

Лидерот за владејачката СДСМ, Зоран Заев, вели дека со цел зајакнување на домашниот туризам предвидени се ваучери во вредност од 6 илјади денари кои граѓаните ќе може да ги користат.

„Околу 115.000 граѓани ќе добијат ваучер за домашен туризам, како дел од третиот пакет економски мерки со цел поддршка на туризмот. Граѓаните кои ги исполнуваат условите за оваа мерка, на својата електронска пошта ќе добијат QR код во вредност од 6.000 денари и упатство за користење на истиот. Да го зајакнеме домашниот туризам, да летуваме дома“, напиша Заев на фејсбук.

Поврзани новости