Премиерот Зоран Заев денеска соопшти дека годинава ќе користи десет дена летен одмор, но не сакаше да коментира дали Парламентот треба или не да оди на одмор за да се реализираат сите заостанати активноти пред пописот во септември и локалните избори во октомври.
– Значи, како што реков, социјалдемократ сум, правото на одмор е вистинско право, заради тоа што одморен човек и работник, па и пратеник, може да биде поефикасен. Можеби не мора цел август месец да биде одмор, обично после Илинденските празници, Парламентот заминува на одмор, можеби помалку, но Парламентот е над Владата, над мене како премиер. Јас не би си дозволил да ги коментирам нивните одлуки, како ќе одлучат тие ќе почитуваат. Но, јас ќе користам десет дена годишен одмор, рече Заев на новинарско прашање на настан во скопската општина Ѓорче Петров.