646
Премиерот Зоран Заев утре ќе отпатува за Бугарија, каде ќе се сретне со бугарскиот премиер Бојко Борисов и со претседателот Румен Радев.
Претходно Заев во неколку наврати изјави дека од Софијаочекува добра соработка и поддршка за евроатлантските аспирации на Македонија.
Бугарија од први јануари наредната година го презема претседавањето со ЕУ, а нејзиниот премиер Бојко Борисов по изборот на новата македонска Влада, изрази уверување дека Софија и Скопје ќе работат за зацврстување на добрососедските односи и за приближување на Македонија кон ЕУ и НАТО.