750
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев од вечерашната трибина од Тетово порача дека коалицијата на СДСМ и БЕСА ќе го победи ДУИ во шестата изборна единица.
-Пред вас сме вечерва, двајца носители од Тетово, Билал Касами од Беса и Фаница од СДСМ, а веднаш после нив е Бејџан. Имаме застапеност од сите етнички заедници. Бидете горди затоа што успеавме да направиме мултиетничка коалиција и тоа пред изборите, не после. Во шестата изборна едниција ќе го победиме ДУИ. Ќе ја победиме Алијансата на Албанците и Алтератива. Ќе имаме најмногу дупло пратеници отколку ВМРО-ДПМНЕ. Затоа што тоа е иднината. Затоа што на народот му е преку глава од квази-патриоти и националисти, рече Заев.