Заев од Струмица: Бев во целиот свет, но само дома си е дома

by fokus

Бев во целиот свет, но само дома си е дома, најубаво е во Струмица, со овие зборови премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, го започна своето обраќање во преполната сала во Струмица, на граѓанската трибина „На прав пат“.

-Секогаш од овде ја црпам енергијата, од мојот град, од моите сограѓани. Вие сите ми ја давате позитивната енергија. Памети Струмица како сакаа духот да ни го уништат за време на режимот, но секогаш наоѓавме начин да изнедриме нова сила. Оваа полна сала вечерва испраќа силна порака, Струмица била, Струмица е и Струмица ќе продолжи по прав пат. Ја охрабруваме целата дежава да продолжи по прав пат, рече Заев во обраќањето.

Поврзани новости