По повод Денот на независноста – 8 Септември, премиерот на Македонија, Зоран Заев имаше свое обраќање од Градскиот парк во Скопје.
Тој порача дека Македонија мошне напредувала, додавајќи дека државата е пример за сите останати.
„Јазикот се користи слободно секаде, нашиот идентите е потврден и зајакнат. Нашето државјанство е македонско. И денеска и во секоја наредна прилика упатувам благодарност до сите наши сограѓани, што покажаа другарско и братско разбирање. Овие мостови кои ги градиме денес се крвоток на нашата заедничка иднина.
Ова место како да има некаква симболика со своето име. Дваесет и осум години по независноста, оваа наша земја конечно се отвора. Македонскиот бисер од школката почнува силно да сјае. Од држава со многу проблеми, сега сме позитивен пример кој другите сакаат да го следат. Гордост европска. Пријатели сме со сите, ја зајакнуваме соработката. Не треба да им подлегнеме на емоциите. Ако рационално размислиме, ништо не губиме. Од нас зависи колку ќе постигнеме во иднина. Најголемите проблеми се зад нас а патот ни гарантира подобро утре“, рече Заев.