Огромното мнозинство од граѓаните и од меѓународната заедница препознаваат дека државата е на „прав пат“. Нашата борба нема да запре се до членство во ЕУ, рече претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев на денешната граѓанска трибина во прилепскиот дом на културата „Марко Цепенков“ насловена „На прав пат“, нагласувајќи дека Прилеп е нашиот предводник на правиот пат.
– Вниманието на цела Европа, па и на целиот свет е вперено кон нас затоа што испорачавме, сработивме. Целиот демократски свет го потврди нашиот успех, никој нема дилема, тоа е патот по кој треба да одиме и да продолжиме. На сите им е јасно дека сработивме многу, ги решивме билатералните односи, никој сега не зборува за меѓуетнички тензии, сме светски пример за Балканот. Тоа го говорат сите светски лидери. Генералниот секретар на ОН, почнува и завршува говор со преспанскиот договор. Тоа е темпото со кое треба да продолжиме. Нема да дозволиме повторно да не водат криминалци, да ја вратат државата од таму од каде ја извадивме, од калта, ќе продолжиме по правиот пат, порача Заев.
Според Заев припаѓаме во ЕУ и ништо помалку од полноправно членство не прифаќаме.
-Нашата татковина припаѓа на ЕУ и затоа не прифаќаме никакви алтернативни решенија, како парнерства или посебни статуси, порача Заев.
Брзо ќе го искористиме правото да не вратат на исправноста на одлуката која ја заслужуваме, во европското семејство. Сакаме да си ја почитуваме нашата култура, која е составен дел од европската култура. Сакаме во ЕУ затоа што не сакаме сиромашни луѓе. Сакаме во ЕУ затоа што сме европејци, работиме за тоа право и јас ве уверувам, ние ќе добиеме одлука за почеток на преговорите. Затоа што со ништо помалку ниту се согласуваме ниту прифаќаме. Ние припаѓаме на Европа и ги имаме истите права како и земјите членки на ЕУ и нема да го компенизраме тоа со друго право. Нема друг освен патот кон ЕУ, тоа е вистинскииот пат, рече Заев.
Ратификацијата на Протоколот за пристапување во НАТО оди со одлично темпо, САД предвреме го ратификуваа и остануваат уште три земји за ратификација, посочи претседателот Заев на денешната трибина во Прилеп, нагласувајќи дека НАТО е нашиот имотен лист.
– НАТО е нашиот имотен лист, со завршување на ратификациите на Протоколот го добиваме нашиот имотен лист, ја обезбедивме државата. Се впишуваме во Катастарот на држави кои се сигуни, стабилнии еднакви со демократскиот свет. НАТО значи сигурност и безбедност, но НАТО значи и инвестиции, повеќе пари и нови работни места. Тоа е прав пат!, порача Заев.
И на економски план сме на „прав пат“, рече Заев на трибината во Прилеп. До крјаот на годинава интенција е економскиот пораст да биде над 4 проценти, а „спиралата на покачувањата на платите е почната, за в година да стигне просечната плата до 30 000 денари, по секоја цена, ако треба, нагласи Заев, да одам бос, без чевли.
-Ќе тргне спиралата на покаќувањето на платитње во сите сектори. не само на минималната која е веќе 14 500 денари, туку и на просечната плата. освен тоа, ќе има огромно покачување на пензиите. Правиме напори уште во рпвиот квартал на идната година, лекарите-специјалисти во државава да имаат просечни примања од 100 000 денари.Идната недела сме со намера да ги објавиме покачувањата на капитациите на матичните лекари, стоматолоци, гинеколози. Конечна цел ни е до крјаот на годинава да постигнеме колективен договор во културата, но притоа мора сите да се изедначат со платите. Во образованието, кумулативно покаќувањертѕо е 5 +5 насто, некаде до 11 проценти, а понудивме од април уште 1-0 насто покаќување на платите во образованието. Потребно е да и дадеме поддршка на својата земја и да ги прифатиме реалните можности на државата. А овде, пред сите и јавноста тврдам дека немаме ниту едно евро земен кредит. Затоа, ваквите политики се „правиот пат“. Тоа значи дека Македонија можела. паралелно, додека се решаваа сите историски прашања, овие економски политики се имплементираат. Создадовме раст на економијата од 3,6 проценти во првото полугодие. Оваа година имаме одлични шанси да го постигнеме растот поголем од 4 проценти, иако во буџетот тоа е 3 проценти, рече Заев на трибината во Прилеп.
Според Заев, македонскиот код е загарнтиран и обезбеден од нас, Мицкоски сака да го врати само криминалниот код.
– Го слушам Мицкоски пред некој ден во Прилеп вели тие македонскиот код ќе го врателе. Не, господине Мицкоски, ти сакаш само криминалниот код да го вратиш. Македонскиот код е загарнтиран како никогаш досега, признаен, потврден, верифициран. Денеска, почитувани прилепчани, ние сме Македонци, признаени од целиот свет, впишано во личната карта во Обединетите нации, е тоа е патриотизам, рече Заев.
Како не им е срам, се кажуваат десничарска партија да зборуваат за патриотизам а како кукавици да се кријат кога треба храбри одлуки да се носат во државата. Каде беа кога им требаа на државата, рече претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев на граѓанската трибина „На прав пат“ во Прилеп“ упатувајќи прашање за однесувањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и лажните манифестации кои ги промовира.
На денешната трибина на СДСМ во Прилеп насловена „На прав пат“, потпретседателот на владејачката СДСМ, Коста Петров говорејќи за потребите и можностите за младите нагласи дека СДСМ е партија во која секојдневно се разговара со младите, се слушаат идеите на младите, се креираат политики за младите, бидејќи наш најголем пораз е младите да се иселуваат во странство.
– Горд сум на политиките на СДСМ за младите, како европската младинската картичка, гаранцијата за млади, која обезбедува платени практики, поддршката за младите земјоделци, кои добиваат по 10.000 евра неповратни средства, поддршката за младите лекари. 34 милиони денари се обезбедени за обука за ИТ вештини за 1 200 млади лица, кои ќе може да почнат да се занимаваат со најбрзо растечката индустрија на светот, истакна Петров на трибината на СДСМ во Прилеп.