-Од денес режимот на Никола Груевски заминува во историјата, а Македонија зачекорува кон нова иднина. Се изборивме на 11-ти декември граѓаните да може слободно да гласаат. Времето на изборно насилство и фалсификување на слободната волја на граѓаните заврши. Со тоа заврши и времето на режимот на Никола Груевски – порача лидерот на СДСМ Зоран Заев по потпишувањето на договорот за избори.
Заев ги повика граѓаните на масовна мобилизација за да се стави крај на оваа власт. Освен тоа, му порача на владејачката партија дека нема да толерирааат ниту едно прекршување на договорот до изборите.
-Од правдата и од судот на народот нема бегање. Цела јавност знае под чиј диктат Уставниот суд на Македонија. Затоа предупредуваме дека секое ново прекршување на договорот од Пржино, посебно уривање на Специјалното јавно обвинителство, СДСМ и граѓаните на Македонија жестоко ќе одговорат – рече Заев.