Заев од Паркот на револуцијата во Прилеп: На 15 јули да избереме слобода наместо принуда!

by Fokus
Од Паркот на Револуцијата во Прилеп, пред Могилата на непобедените, порачувам – да бидеме горди и сплотени бидејќи заедно ја остваривме тридецениската стратешка цел на македонскиот народ и на сите наши сограѓани – нашата земја, Северна Македонија е членка на најмоќниот воен сојуз во светот, НАТО, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев.
-Ние сме НАТО. Денес сме стабилни и безбедни. Инвестициите ни се гарантирани. Не сме повеќе сами и изолирани, дел сме од голем сојуз кој не штити и во кој ни се слуша гласот. Ги остваривме идеалите на борците од НОБ кои ги положија своите животи за слободна Македонија. Ја вративме земјата на вистинскиот пат што тие ни го осветлија. За истите вредности се бориме и се изборивме. За слобода, за напредок, за солидарност и социјална сигурност. И не застануваме тука. Продолжуваме понатаму до полноправно членство во ЕУ. Преговорите со ЕУ ни носат ред, дисциплина, промена и стабилна иднина. Ја носиме Европа дома, кај нас, изјави тој.
Тој посочи  дека придобивките од слободата која заеднички сме ја освоиле се силна причина никогаш повеќе да не дозволиме да се врати режим.
-Знаеме сите дека на 15 јули мора да потврдивме дека режимот го оставаме таму каде што припаѓа – во минатото. Ве повикувам на 15-ти јули да избереме слобода наместо принуда. Да избереме сиугурност наместо опасност. Да избереме европска иднина наместо режимско минато. Да ги избереме СДСМ и коалицијата „Можеме“ за да продолжиме да работиме уште повеќе и уште подобро за развој и напредок на нашата убава земја, рече Заев.

Поврзани новости