652
Лидерот на СДСМ и иден премиер, Зоран Заев побарал од новите министри да работат и повеќе од осум часа, како и да бидат целосно фокусирани на работата и да преземат морална одговорност.
– Првата работа што ја кажав вечерва и ја побарав од новите министри е работливост. Би почитувал работа и повеќе од осум часа. Очекувам комплетна фокусираност зашто нѐ чека неповторлив период. Втората работа е чесноста и одговорноста – истакна синоќа Заев кој по седницата на Централниот одбор ги соопшти кадровските решенија кои ќе бидат дел од новата Влада.