554
Освен аудио-снимки, опозицискиот лидер Зоран Заев приложи и смс пораки во прилог на неговите тврдења дека шефот на тајната полиција, Сашо Мијалков, зел провизија за набавка на опрема за прислушување на тајната полиција од Израел.
Според Заев, една од пораките потврдува дека извесен Израелец Хаим Хакејни информира дека бил пуштен првиот дел од провизијата од 540.000 евра, додека втората порака потврдува дека биле пуштени уште 840.000 евра.
Тој приложи документот кој потврдува дека Хакејни бил чест гостин во земјава од 2008 година, а неговите посети се поклопуваат со тајмингот на префлрување на двете споменати суми.