Заев од Дебрца: Асфалт наместо кал

by fokus

Градиме за нашиот народ – асфалт наместо кал. Затоа се обврзуваме да донесеме водовод и канализација онаму каде што нема, а онаму каде што има редовно да го одржуваме и унапредуваме, изјави премиерот Зоран Заев од Дебрца.

-Покажавме дека има пари во државата и да растат платите и да се инвестира во капитални проекти.

Во овие четири години како никогаш досега се инвестираше во патната и комуналната инфраструктура насекаде низ државата. Секоја општина ни е важна.

Она што е најважен проект за општина Дебрца, е автопатот Кичево – Охрид кој ќе донесе неограничени можности за развој и ќе ја промени социјално-економската карта на Дебрца.

Затоа, на 17 октомври, да гласаме за број 12, да гласаме за Најдоброто за Дебрца, да гласаме за Игор Крцоски – Манце, истакна Заев.

Поврзани новости