Премиерот Зоран Заев на вечерашната трибина во Берово уште еднаш ја повика опозицијата да се придружи во кампањата за референдумот.
-Создадовме една натпартиска коалиција, обединети сме повеќе од 30 партии, убеден сум дека до референдумот ќе застанат и другите. Се придружија и сите стопански комори. Сами на пазар од 1.600.000 луѓе кои сме постојано тука, сме мал пазар. Со нас се и синдикатите. Приклучени се и невладините организации. Заедно сме сите здружени, верувам дека ќе се приклучат и другите партии. Опозцијата може и треба да биде критична, може да мава по Заев, но таа е исто така за НАТО и ЕУ. И знае дека нема НАТО и ЕУ без Договорот. Ги повикувам да ни се приклучат. Нашиот народ сака да не види зааедно. Нека критикуваат колку сакаат, но на ова прашање да застанеме заедно, зашто ова е шанса која не смееме да ја пропуштиме. Овој референдум е важен како оној во 1991 година. И тогаш не му беше лесно на народот, ќе не биде ли сами како држава, рече Заев.