Отстранувањето на условената препорака на есен годинава и добивање датум за почеток на преговори за членство на Македонија во ЕУ во 2018 година по сите преземени реформи, очекува премиерот Зоран Заев, кој вчера и денеска престојува во официјална посета на Бугарија, каде што од официјална Софија доби поддршка на патот кон ЕУ.
На средба со новинарите во Софија, јави известувачот на МИА, Заев истакна дека Македонија, покрај работата на внатрешен план и реформите што мора да ги направи во државата, се надева и на позитивен исчекор околу проблемот што Грција го има со уставното име и изрази надеж дека навистина со новите перспективи што се отвораат во регионот ќе може да побараме, но и да добиеме и поддршка и помош од нашиот јужен сосед преку Парламентот, Владата, владејачките и опозициските партии.