„Очекувам пред локалните избори да има смена на јавниот обвинител Марко Зврлевски и целосно да биде прочистен изборачкиот список“, порача премиерот Зоран Заев од армискиот полигон Криволак каде се одржа отворен ден за високи гости на вежбата „Dragoon guardian 17“.
Тој додаде дека местото на Македонија е во НАТО и во европското семејство.
„Македонија отсекогаш била ориентирана кон Западот, но ќе има добри односи со сите земји“, изјави премиерот.
На воената вежба „Драгон Гардијан 17“ учествуваат деведесетина припадници на АРМ од инженерискиот баталјон од составот на Првата механизирана пешадиска бригада и околу тристотини припадници на „2 Cavalry Regiment“ на Армијата на САД во Европа. На вежбата учествуваат и припадници на другите единици на АРМ за пружање на логистичка поддршка и воено полициско обезбедување.