815
На претстојните локални избори, не очекувам победа како на изборите во 2017 година, но очекувам чиста победа со поголем број општини, советници и поголем број на гласови, рече лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев.
-Граѓаните ќе имаат убав избор. Општините се важни во секојдневниот живот на општеството. Важно е граѓаните да го изберат најдоброто – изјави Заев на ТВ 24.