Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на телевизија Сител рече дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ги одбиле и двата предлози што ги дала власта за новото обвинителство.
-Ние дадовме предлог шефот да биде предложен од Мицкоски, односно од опозцијата. Нашите црвени линии е иднината на предметите на СЈО. Предложивме преземете ги јавните овбинители и стручната служба од СЈО во новото обвинителство, за ги продолжат предметите. Значи, новото обвинителство нека ги земе сите предмети од СЈО, предмети за висока корупција, нека го преземе и „Рекет“, ама нека ги преземе и обвинителите и вработените во СЈО, за да ги продожат предметите да не застарат. Ако ваков предлог не се прифаќа нека кажат зошто не се прифаќа. Вториот предлог е доколку не сакаат обвинителите од СЈО да одат во новото обвинителство, тие да се вратат вос своите претходни обвинителства, но предметите на СЈО да одат под државниот обвинител. За да не бидат закочени и да не застарат додека се екипира новото обвинителство. Тоа се двата предлози, и ниту еден не беше прифатен, рече Заев.