Заев: Николоски не знае што е земјоделска мака, Јанушев е еден од криминалците на Груевски

by Фокус

Градевме мостови на пријателство, коешто пријателство ќе им се најде на следните генерации, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев во Пониква. Тој во кочанска Пониква истакна денеска живееме во земја признаена од целиот свет во којашто, како што рече, живеат Македонци.

-Овој гол квазипатриотизам, што го гледаме од истите луѓе на Груевски се повеќе се разобличува. На Мицкоски му е најтешко затоа што е разобличен до гола кожа. Тој се правел за гола власт, моќ и пари. Денеска и ЕУ го разобличи со одлуката за утврдување на преговарачката рамка преку која се потврдува признавањето на македонскиот јазик, со ова сме блиску кога нашиот јазик ќе стане официјален во Брисел. Сите околу Мицкоски, сите се поранешни функционери на Груевски. Александар Николовски од Охрид е кандидиран во Струмица. Нема поим човекот што е земјоделие и земјоделска мака. Овде во тројка исто така е кандидиран еден од криминалците на Груевски, го слушавте на снимките за заканите и за притисоците што ги правеле. Тие со ваквите кадри сакаат да ја понижат интелигенцијата на народот. Истите се, не се промениле, Мицкоски беше директор поставен од Груевски, се исто е таму – рече Заев.

Тој посочи што планира СДСМ во следниот мандат.

-Во мандатот пред нас минималната плата ќе ја зголемиме на 20.000 денари, тоа е 120 отсто од 9.000 денари колку што беше за време на 11 години владеење на режимот на Груевски. Просечната плата од 22.300 ја зголемивме на 27.2000 денари. Ако за две и пол години успеавме за 5.500 денари, во новиот мандат ќе ја зголемиме уште повеќе. Затоа излегуваме со ветување просечна плата до крајот на 2024 до крајот на следниот мандат од 34.000 денари – рече Заев.

Поврзани новости