514
Премиерот Зоран Заев во одговор на пратенички прашања на опозициската ВМРО-ДПМНЕ рече дека денеска јавно ќе биде објавено писмото кое тој го испратил Вселенската патријаршија.
-Барањето во писмото е патријаршијата да помогне за признавањето на МПЦ-ОА. Дополнително на писмото кое светиот синод на МПЦ го испрати, јас напишав писмо и го испратив до светиот синод на Вселенската патријаршија да помогне при признавањето. Никој не побарал ниту може да го смени името на МПЦ. Не е тема на дебата името, прашањето е помош околу решавање на црковниот спор, кој постои од возобновувањето на МПЦ-ОА, рече Заев.