446
Премиерот Зоран Заев во изјава за српски „Блиц“, во пресрет на разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ, вели дека Македонија не направила ништо против Србија.
„Владата во Скопје никогаш ниту имала намера, ниту дала упатства за вршење какви било разузнавачки активности против која било соседна земја, вклучувајќи ја и Србија. Без никакви неинформирани или прерани заклучоци, го почитуваме и поддржуваме повикот на официјален Белград да ги заштитиме билатералните односи на Србија и Македонија и да воспоставиме стандарден кодекс на однесување. Се надевам дека во разговорот (денес на пладне) со претседателот Александар Вучиќ ќе ги решиме сите евентуални недоразбирања – истакна Заев .