Невработеноста за вториот квартал од 2021 година на историски најниско ниво од 15,9 отсто, објави премиерот Зоран Заев. Во споредба со истиот период лани, посочи тој, таа е намалена за 4,8 проценти. Како што наведува Заев, стапката на вработеност од крајот на 2020 година, односно во последните три квартали, расте со темпо од 1,5 отсто.
„И понатаму стапката на вработеност е доста висока кај мажите, на ниво од 55,8 проценти и е многу блиску до просекот на ЕУ (60 отсто), за разлика од жените кај кои оваа стапка изнесува 38,7 отсто. Оваа Влада посветено работи на корекција на овој дисбаланс преку активните мерки за вработување каде оваа година за првпат се воведе принцип на искористување на овие мерки во сооднос 60 проценти за жени и 40 отсто од буџетот да бидат издвоени за поддршка на вработување на мажи“, напиша Заев на фејсбук.