Заев : Неотпочнувањето пристапни преговори со ЕУ влијае на Договорот од Преспа

by Fokus

Одредени членови од Договорот од Преспа се поврзани со отворањето на поглавјата во процесот на пристапни преговори на Северна Македонија со ЕУ, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за „Јуроњуз“ на грчки јазик.

Како што jави дописничката на МИА од Атина, Заев објаснува дека позитивниот одговор од Унијата за почеток на преговорите ќе значеше мотивација за Северна Македонија и Албанија да продолжат по вистинскиот пат.

– Постои поврзаност меѓу спроведувањето на договорот и отворањето и затворањето на поглавјата за интеграција. Особено за внатрешна употреба за некои случаи. Постои поврзаност, бидејќи нашите пријатели Грците прифатија дека можеме да го сториме тоа поради иднината што Северна Македонија ја има во Европската Унија. И во овој контекст, не постои можност за имплементација на Договорот од Преспа. Дел од него ќе се замрзне, бидејќи не е можно негово спроведување. Ќе се обидеме да имплементираме некои одредби, но двете се меѓусебно поврзани, бидејќи процесот на ротација на поглавјата значи дека ќе го предадеме нашиот национален суверенитет на Европската Унија, вели Заев.

Премиерот во интервјуто истакнува дека за земјава не постои друга алтернатива освен ЕУ и дека европската перспектива е единствениот пат.

– Ако светлата од ѕвездите на знамето на Европската Унија се изгасат тогаш ќе падне мрак. А во мрак ќе се изгубиме. Затоа што, доколку има позитивен терен за радикализација, за враќање на национализмот, тоа ќе предизвика голема штета на целиот Балкан. И кога Балканот има проблем, тогаш Европа ќе има проблем, истакнува премиерот во интервјуто за „Јуроњуз“ на грчки јазик.

Интервјуто на премиерот Заев предизвика низа реакции во грчките медиуми.

Поврзани новости